Балкан
18. December 2016 - 21:56

Не можеа еден без друг: Погребан и сопругот на загинатата учителка

Жолт Шолтиш (29) од Србобран, кој беше тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи на 9. декември во утринските часови на патот Србобран - Нови Сад, кога загина неговата сопруга Андреа (26) која е погребана во Темерин, по неколку дневна борба, почина во ургентниот центар во Нови Сад и покрај обидите на лекарите да му го спасат животот.

Андреа и Жолт Шолтиш зад себе оставија син кој има само година дена.

Младата брачна двојка со својот автомобил форд фокус, од засега неутврдени причина слета од патот во одводен канал и се превртел неколку пати. Андреа испаднала од возилото и загинала на самото место, додека Жолт се здобил со тешки повреди и се наоѓаше на интензивна нега во Ургентниот центар во Нови Сад, каде лекарите се бореа за неговиот живот.

Младата учителка беше погребана на 12. декември на гробиштата во Темерин, додека сопругот Жолт е погребан на 16 декември на католичките гробишта во Србобран.