Loading Video...
Ракомет
11. May 2019 - 19:45

Не може РК Вардар без Самсоненко

Позитивни вибрации доаѓаат од  нашиот ракометен гигант Вардар во чии редови се најавува останување на спонзорот  Сергеј Самсоненко кој ќе добие помош во инвестрирањето од домашни компании и бизнисмени.

                Според последните информации Вардар е цврсто решен да остане во европската ракометна елита и веќе им е сигнализирано на ракометарите  дека ќе бидат исплатени и да не бараат нови клубови бидејќи се креира силен тим кој ќе биде конкурентен и следната сезона во ЛИгата на шампионите.

                Она што е сигурно е дека  прв човек на црвено-црните ќе биде Михајло Михајловски кој долго време го водеше Вардар а најголем спонзор Сергеј  Самсоненко кој ќе добие помош од домашни компании како дел од акционерскиот борд. 

                Направена е и финансиска конструкција  и се чека одговор на уште една голема компанија која треба да го помогне Вардар со еден милион евра.

                Русинот во редовите на македонскиот првак е веќе 7 години и за кратко време е освоена титулата европски првак и обезбедено трето учество на завршниот фајнал-фор.

                Во КУманово се одигра завршницата на женскиот ракометен куп. Триумфираше домаќинот Куманово откако во финалето го совлада Вардар со 24-22. Во интересен меч подмладениот тим на Вардар играше добро до самиот финиш кога пропушти напад за израмнување што им донесе голема радост на поскусните Кумановки.