Македонија
8. March 2016 - 17:00

Не можам со деструкција да одговорам на СДСМ, изјави денеска Никола Груевски лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Работата и проектите се нашиот приоритет и колку и да се обидуваат нашите политички противници да ни подметнуваат конструкции и манипулации, народот знае дека проектите и работата единствено го прават нивниот живот подобар и поперспективен.

Деструкцијата што ја применува опозицијата , на граѓанинот не му ги решава проблемите, посочи претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој нагласи дека ВМРО ДПМНЕ е силно фокусирано е развојот на економијата, новите работни места и подобар животен стандард за граѓаните, и поради тоа победата на 5-ти јуни ќе биде победа на народот и вистината.