Македонија
4. December 2018 - 22:19

Не излегувајте од дома: Загадениот воздух се повеќе зема замав - ги помина сите граници на дозволеното

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерени до 19 часот растат енормно, ги поминаа сите граници на дозволеното.

Мерната станица кај Ректорат покажува дека загадувањето е 331mg/m3, Битола 275 mg/m3. Во Куманово неверојатни 271 mg/m3 и тоа само до 19 часот. Карпош 264 mg/m3, Тетово 236 mg/m3 со ова темпо до вечерва може да достигне и до 600 mg/m3.