Македонија
2. August 2017 - 12:11

Не излегувајте од дома: Македонија во портокалова фаза, температури до 42 степена

УХМР соопшти дека продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време.  Во поголем дел од Македонија максималната температура ќе биде над 35, а на некои места долж Повардарието ќе надмине и 40 степени.

Особено топло ќе биде утре кога максималната температура во најтоплите региони ќе достигне до 42 степена, а УВ индексот вредност 9.

Според прогнозираните температури, денеска подрачјето на Македонија ќе биде во жолта, а утре северновардарскиот и охридско-преспанскиот регион во портокалова фаза.