Живот
31. August 2017 - 9:19

Не ги соблекувате чевлите пред да влезете дома - научниците имаат нешто да ви порачаат

Ако сте од овие простори , тогаш сигурно ви е добро позната навиката на соблекување на чевлите пред да влезете во нечија дневна соба.

Но, има и такви кои не го прават тоа.

Истражувањата на Универзитетот во Хјустон откриле дека дури 40% од чевлите а себе ја имаат бактеријата клостридија.

Таа бактерија е исклучително отпорна на антибиотици, што значи дека ако еднаш ја добиете, многу тешко ќе се ослободите од неа.

Чевлите биле тестирани и на ешерихија коли и клебсиела и позитивни се и на двете.

Така што, ако ги соблекувате чевлите пред влегување во домот, ќе се заштитите себеси и своето семејство од голем проблем и тешка болест