Не е здраво да се џвакаат мастики, еве зошто
Клер Емблтон (38) од Ливерпул џвакала мастики без шеќер во просек седум часа дневно, а сега поради џвакањето мора да оди на операција поради истрошена вилица.
Оваа мајка на четири деца, денес не може да ја отвори устата повеќе од еден сантиметар, па сега чека операција во која коските од вилицата ќе и` бидат заменети со метални плочки.
- Кога лекарите ми рекоа дека од џвакање мастики ми се истрошила вилицата и дека поради тоа ќе морам на операција, останав во шок. Секогаш мислев дека мастиките се здрави, па џвакав после јадење. Ги купував оние без шеќер. Никогаш не мислев дека таа безопасна и здрава навика би можела да ми нанесе толкава штета, рекла Клер.
Пред две години почувствувала како и` „прескокнала“ вилицата, а пред година дена почнале вистинските проблеми. Додека џвакала, вилицата едноставно и` се блокирала и не можаела да ја отвори устата.
Лекарите и` дијагностицирале пореметување на виличниот зглоб, со кое се здобила поради премногу џвакање мастики.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид