Живот
7. August 2018 - 14:12

Не е славна како онаа во Пиза, но крие ужасни тајни: И Русите имаат крива кула, но никој не знае кој и кога ја изградил

Иако можеби не е славна како нејзината италијанска сестра, руската „крива кула’ постои веќе 300 години.

Невјанската кула е симбол на уралскиот регион, но не е јасно дали е намерно изградена на криво. Се наоѓа во градот Невјанск, во областа Свердловск во Русија и датира од 18 век.

Градбата ја финансирал соработник на Петар Велики и познат руски индустријалец Акинфиј Демидов.

Кулата е висока 57,5 метри. Резултатите од последните мерења покажаа дека девијацијата на горниот дел од кулата во деснио агол изнесува 2,20 метри.

Содржи многу ужасни тајни,а  пример е собата на шестиот кат каде шепотењето во едниот агол се слуша во другиот.

И натаму нема докази за тоа кога точно кулата е изградена. Руските историчари веруваат дека е изградена меѓу 1725.  и 1732. година. Исто така нема информација ниту за архитектот.