Не е постигнат напредок за учебниците по историја, за Гоце Делчев прашањето не било отворено
Изминатите два дена Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија ја одржа 12. средба. На оваа средба не бил постигнат напредок во однос на дискусијата за учебниците по историја, а не била постигната и согласност во однос на прашањата поврзани со средновековието. Комисијата не го отвори прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување, иако било на дневен ред.
Според предложениот дневен ред за работа, соопштија денеска од МНР, тема на дискусија биле прашањата поврзани со содржината на Записникот од 10. средба, изготвување на препораки за учебниците по историја со цел надминување на споровите кои произлегуваат од различните и силно исполитизирани толкувања на минатото и усогласување на текст препорака за заедничко чествување на Гоце Делчев.
– Во однос на прашањата со записникот, членовите на Комисијата го усвоија записникот и беше утврдено во текот на месец март членовите на Комисијата да работат на усвојување на записникот од 11. средба и Годишниот извештај на Комисијата. Во однос на дискусијата за учебниците по историја, како и на претходната средба, не беше постигнат напредок. И покрај конструктивната дискусија и желбата да се постигне напредок, не беше постигната согласност во однос на прашањата поврзани со средновековието. Остануваат големите разлики во пристапите и разбирањето на улогата на историското образование и образовните политики. Со оглед на продолжената на дискусијата за учебниците по историја, на оваа средба, Комисијата не го отвори прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување, иако беше на дневен ред, се наведува во соопштението од МНР.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација