Џет-Сет
8. September 2015 - 15:43

Не е отсекогаш опкружена со луксуз - Еве каде живеела Лепа Брена!

Лепа Брена во еден период од осумдесетите години од минатиот век живеела во зелена зграда во Нови Сад.

„Сите знаеја дека Брена живееше овде, дури и младите. Беше на трети спрат, ако не се лажам. После се доселија некои нејзини роднини, не знам дали тие го продадоа станот, или сеуште се тука - раскажува Марица Васиќ, која во населбата живее повеќе од 30 години, пренесеуваат босанските медиуми.

„Тогаш стана популарна, не беше голема ѕвезда сеуште, но сите знае која е она“, раскажува жената.

Брена во зградата имала и телохранители.