Џет-Сет
29. July 2018 - 11:23

Не е Лепа Брена: Боба во друштво на русокоса девојка се опушти среде Црна Гора

Поради работните обврски Лепа Брена морала да го прекине одморот во Црна Гора, но нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ останал да ужива на црногорското приморје.
 
Папараците на порталот „Ало“ го фотографирале Боба како ужива во друштво на некоја русокоса девојка.
 
„Боба деновите на море ги поминува крстарејќи низ Јадранот. А кога сака да е на копно, оди во еден ресторан каде што заедно со пријателите ужива во храна и вино, вели извор за „Ало“ кој бил на местото каде е Боба.