Бизнис
11. September 2018 - 19:36

Не е докажано дека ГМО храната е штетна по здравјето

Ниту една анализа досега не покажала дека ГМО храната е штетна за здравјето. Агенцијата за храна, научната јавност и бизнис секторот заедно бараат начин како подобро да се регулира ова подрачје. Во Европската унија постои праг на толеранција за ГМО во храната. АХВ, на барање на  бизнис секторот, веќе побара промена на правилникот со кој извесно присуство ќе биде дозволено и во земјава, се чека одлука на Влада.

За разлика од ГМО кое не е доволено во Македонија, микротоксините и хормоните во храната се дозволени. Научната јавност е на став дека доколку се дозволи ГМО тоа да е строго контролирано за што земјава има капацитети.

Организацијата на потрошувачи на иста линија, велат дека граѓаните мора да знаат што јадат.

Минатиот месец АХВ откри ГМО ориз произведен во Кочани и ГМО шницли од соја увезени во Македонија. Сите количини беа повелечени од пазарот.