Не дозволувајте да ве измамат: Никогаш не ги купувајте овие работи во супермаркет
На прво место се зачините
Поголема грамажа може да купите во продавниците за здрава храна или на пазар и тоа по многу пониска цена.
Батерии на каса
Сместени се на каса за да ви „бодат очи“. Ако веќе мора да купите, најдобро е да ги купите во поголемо пакување, никако на парче.
Бебешки и козметички производи
Бебешки шампони, креми, пелени, како и производите за нега и убавина многу ретко се на акции и попуст во маркетите. Најубаво би било да ги по барате во аптеки или парфимерии.
Пазарот е за овошје и зеленчук!
Припремен зеленчук, готови салати или насецкани шампињони, никако не се добар избор. Замислете што се ќе купите на пазар за истите пари, дури 3 пати повеќе!
Полуподготвено месо
Мелено, саламурено, вакумирано, сецкано... Убаво звучи, ама во месара ќе купите свежо месо, за двојно помала цена!
Чипс и пуканки во мали кесички
Малите пакувања од овие производи се зачајно поскапи од големите, семејни пакувања. И двата може да ги направите и дома, со што ќе заштедите, а сигурно ќе бидат и многу поздрави од оние кои ќе ги платите двојно во маркет.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација