Македонија
12. November 2019 - 11:20

Не донел ниту производи ниту ги вратил парите - кривична за измамник од Скопје

СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Б.Р.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „измама“, при што се стекнал со противправна имотна корист.

Имено, Б.Р. на 28.09.2019 со Б.С. од Скопје, со кого од порано се познавал, договориле цена за да му набави мотокултиватор со приколка, фреза и плугови.

Б.С. му платил, но до пријавувањето, на 31 минатиот месец, Б.Р. ниту им ги донел договорените производи, ниту им ги вратил парите.