Живот
18. January 2019 - 13:13

Не чека кравава Месечина овој викенд: Целосно помрачување и невиден феномен кој ќе се повтори дури во мај 2021 година

Месечината, Земјата и Сонцето ќе бидат во една линија во текот на викендов кога се очекува целосно затемнување на Месечината, единствено во оваа, но и во наредната година.

Истовремено, Месечината ќе биде најблиску до Земјата поради што ќе делува поголема и посветла од вообичаено, и ќе има црвена боја, феномен кој се нарекува Супер Месечина.

Американскиот астрофизичар Патрик Хартиган изјави дека ќе биде интересно зошто ќе се случи и Супер Месечина и целосно затемнување на Месечината, додавајќи дека затемнувањето нема да трае долго, околу еден час.

Затемнувањето почнува во недела навечер или во понеделник рано наутро, во зависност од кој дел на Земјата се набљудува тој феномен.

Сенката на Земјата во потполност ќе ја прекрие Месечината во текот на 62 минути и доколку биде ведро времето феноменот ќе биде видлив во Северна и Јужна Америка, но и на Гренланд, Исланд и во Ирска, Велика Британија, Норвешка, Португалија и на бреговите на Франција и Шпанија.

Останатиот дел од Европа како и Африка ќе имаат само делумен поглед. Помрачувањето нема да биде видливо во Азија, Австралија и Нов Зеланд.

Наредното целосно помрачување на Месечината се предвидува во текот на мај 2021 година.

Оваа Месечина кај древните Индијанци е наречен крвава волчја месечина и тогаш племињата се собирале околу огнот и го слушале завивањето на главните волци.