Бизнис
15. August 2020 - 10:31

НБРСМ: Дозволата за работа на „Еуростандард банка“ АД Скопје е укината на 12 август 2020, а не на 1 јуни оваа година

Решението бр.15-14082/1 од 1 јуни 2020 година, што се споделува на социјалните мрежи со штембил на „Еуростандард банка“ АД Скопје, не е документ со кој се укинува дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, соопштија денеска од Кабеинетот на гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија.

-Со ова решение, на Банката, согласно со Законот за банките ѝ беше повлечена согласноста за извршување само на одреден вид финансиски активности – тргување со хартии од вредност во странство, финансиски деривати и сл., за коишто не ги исполнуваше посебните законски услови за да ги извршува.За истото беше информиран и регулаторот на пазарот на капитал, појаснуваат од НБРСМ.

Од Народна банка укажуваат дека датумот на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, е со Решението бр. 15-20139/1 од 12 август 2020 година.