НБРМ: Расте кредитирањето на претпријатијата
Во последниот квартал од минатата година кај банките е забележано поголемо кредитирање на претпријатијата. Раст е забележан и кај депозитите и на претпријатијата и на населението.
Според податоците на НБРМ, обемот на новото кредитирање во последниот квартал е за 2,6 пати повисок од просечниот квартален износ одобрен во претходните три квартали на годината и претставува највисок квартален износ на пласирани кредити во периодот по кризата.
Забрзувањето на кредитниот раст произлегува од зголемената кредитна поддршка на корпоративниот сектор, којшто објаснува над две третини од новото кредитирање во последниот квартал.
Според НБРМ, ова претставува значително поместување во однос на движењата од претходните три квартали, кога кредитите на домаќинствата ја имаа улогата на главен носител на кредитниот раст.
Растот на кредитите на домаќинствата во четвртиот квартал е малку поумерен во споредба со претходните два квартали. Кај кредитите на домаќинствата главен носител на растот и натаму се потрошувачките кредити.
На годишна основа, покажуваат податоците на НБРМ, вкупните кредити во декември се повисоки за 9,5 отсто и ја надминаа октомвриската проекција за крајот на годината од 7,7 отсто.
НБРМ посочува дека здравата солвентна и ликвидносна позиција на банките, засилениот раст на изворите на финансирање и зголемената конкуренција во банкарскиот сектор се фактори што придонесоа банките да одговорат со зголемена понуда на кредити.
Во однос на изворите на финансирање, во последниот квартал
беше забележан силен раст на вкупните депозити со што годишната стапка на раст на вкупните депозити во декември изнесува 6,5 проценти и е над проекцијата за крајот на годината предвина на 3,7 проценти.
Поголем придонес, сметаат од НБРМ, кон растот на вкупните депозити во последниот квартал имаа депозитите на корпоративниот сектор, а висок раст остварија и депозитите на домаќинствата којшто главно е произлезен од зголемените депозити во домашна валута.
-Ваквите поместувања на депозитниот пазар се сигнал за стабилизирање на очекувањата и постепено исцрпување на ефектите од неекономските фактори, коишто доведоа до послаби остварувања кај депозитите на домаќинствата во претходните два квартали, стои во извештајот.
НБРМ очекува дека депозитната база на банките ќе се зголемува и во
следниот период, обезбедувајќи стабилни извори за финансирање на кредитниот раст, којшто според октомвриската проекција во следните две години би се движел помеѓу 7 и 8 проценти.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово