НБРМ пушти во оптек нови ковани пари од серијата хороскопски знаци
„Вага“, „Скорпија“ и „Стрелец“ се новите ковани пари за колекционерски цели што ги издаде и ги пушти во оптек Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
Станува збор за дел од серијата „Хороскопски знаци“, а цената на кованите пари е 2.800 денари.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од НБРМ се законско средство за плаќање во Република Македонија.
Сите три монети во централниот дел на аверсот имаат четири атласа што го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездијата Вага, Скорпија или Стрелец, зависно од паричката. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на вага/скорпија/стрелец од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“ создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак вага/скорпија/стрелец. Во долниот дел е претставена златна слика на вага/скорпија/стрелец, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак, а на левата страна, ознаката Ag925.
Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на НБРМ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица