НБРМ овозможи прекугранични плаќања во евра
Деловните банки во Македонија што имаат дозвола за работење со платен промет со странство и сметки во евра во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС) на Народната банка, ќе имаат можност за прекугранични плаќања во евра за своите клиенти (правни и физички лица) преку најбрзиот и најбезбедниот платен систем во Европа - ТАРГЕТ2.
Како што соопшти НБРМ, системот за прекугранични плаќања во евра денеска ќе биде претставен пред банкарскиот и бизнис секторот, а наскоро се очекува негова промоција и пред пошироката јавност.
- Системот за прекугранични плаќања во евра, преку поврзување на МИПС со платниот систем ТАРГЕТ, почна да работи од почетокот на 2017 година. За оваа цел се изврши надградба на МИПС за извршување на плаќањата во евра и се воспостави врска со платниот систем ТАРГЕТ 2, преку централната банка на Италија, со што МИПС прерасна во двовалутен платен систем за плаќања во денари и во евра, наведува НБРМ.
Со овој проект, стои во соопштението, целосно се оствари препораката за создавање алтернативен канал за плаќања во евра, покрај кореспондентското банкарство, од проектот ИПА „Оценка на потребите на НБРМ“, спроведен од страна на претставници на Европската централна банка и централните банки членки на Евросистемот. Крајната цел на овој проект е побрзо и посигурно да се извршуваат прекуграничните плаќања во евра и да се намалат трошоците за нив, од што пошироката економија би имала придобивки, вклучително компаниите и домаќинствата.
- Проектот е втора генерација реформи во областа на платежната инфраструктура, по првата на платниот промет во 2001 година. Со неговото остварување се постигна повисоко ниво на платежна интеграција на Република Македонија во платежната инфраструктура на ЕУ и претставува голем чекор напред кон приближување на стандардите на работа на Народната банка до стандардите на работа на централните банки членки на Европската Унија, наведува Централната банка.
Ново на Сител
-
Коалицијата Вреди го потсетува Османи на случајот „Пациент“
-
Кумановец избегал од затвор и ограбил продавница во Крива Паланка
-
Зеленски бара помош од запад по рускиот напад врз Чернигов
-
Бојмацалиев од Пробиштип: Годинава бонус плата во МВР од 36.000 денари
-
Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал
-
Тешко повреден 53-годишен пешак на патот Кичево-Охрид
-
ССМ: Во наредните денови ќе го радикализираме протестот
-
До вторник облачно со повремен дожд, а на планините снег