Бизнис
11. May 2022 - 16:36

НБРМ ги покачи каматните стапки, ќе растат кредитите за граѓаните

Ќе поскапат кредитите за граѓаните и фирмите. Народната банка по втор пат ја зголеми референтната камата за дополнителни 0,25%. Сега основата по која се пресметуваат кредитите на банките изнесува 1,75%. Потегот е за да се заузда инфлацијата, по априлскиот раст од 10,5%, но и да се спречи понатамошен раст на трошоците за живот. Потребата за затегањето на монетарната политика беше неминовно и покрај ризикот што економијата ќе забави, а побарувачката ќе се намали, велат од Народната банка. Логичен, очекуван и оправдан чекор беше зголемувањето на камата, велат експертите. Нема друг начин да се намали побарувачката, бидејќи инфлацијата е увезена. Каматите растат секаде во светот.

- Иако ваквата мерка може негативно да се одрази кај инвеститорите, сепак ваквото затегање на монетерната политика беше неминовно. Тоа е единствениот инструмент да се забави инфлација, изјави Зоран Ивановски, универзитетски професор.

Сепак, според нив, не е доволно само монетарната власт да реагира. И државата треба да го заврзе ќесето.

- Односно затегање на ременот кај непродуктивните трошоци, а олабавување кај капиталните инвестиции, кои ќе продуцираат раст. Со ваквата мерка ќе забави економсиот расдт, но може да влзееме во стагфлација, однсно да имаме негативни стапки на раст. И на тоа треба да се внимава, додава Ивановски.

Парите ќе станат се поскапи, позајмувањето ќе биуде по повисоки камати. Први на удар - постоечките кредити, пред се станбените.

Од Банкарската Асоцијација велат дека банките ги следат мерките на Народната банка, но секоја прави анализа и пресметка за колку ќе ги зголеми каматите на кредитите и депозитите.