Кошарка
7. March 2017 - 10:39

НБА:Тешка повреда на Богут по само 58 сек. во дресот на Кливленд

Австралискиот центар Ендру Богут имаше неворојатно несреќен старт во дресот на новиот клуб Кливленд Кавалирс. 
Тој заработи тежок прелом на ногата по само 58 одиграни секунди на дуелот со Мајами кој на крајот славеше со 106-98.
Богут настрада на својот деби натпревар по судирот со  Оскар Вајт а во Кливленд дојде пред само неколку дена од Охајо. Иако не се знае тежината на повредата сепак од клубот потврдија дека за него сезоната е завршена.