Кошарка
11. December 2017 - 10:02

НБА:Рекордни 47 поени на Оладипо

Предводени од извонредниот Виктор Оладипо кошаркарите на Индијана дури во продолжение го совладаа Денвер со 126-116. Од останатите средби Бостон се врати на победите и славеше во Детроит како и Торонто на теренот на Сакраменто.

Резултати: Сакраменто - Торонто 87:102, Детроит - Бостон 81:91, Индијана - Денвер 126:116, Минесота - Далас 97:92, Њу Орлеанс - Филаделфија 131:124, Њујорк - Атланта 111:107.