Loading Video...
Кошарка
9. April 2018 - 11:18

НБА:Јута избори плеј-оф

Кошаркарите на Јута Џез остварија убедлива победа од 112-97 против ЛА Лејкерс со што се пласираа во плеј-офот за шампионскиот трофеј. Главна фигура на вечерта беше Донован Мичел со 28 поени, 9 скока и 8 асистенции додека Лејкерси ги предводеше Џош Харт со 25 поени.

Голден Стејт ја нареди и 15. победа во низа откако со половина сили го совлада тимот на Феникс Санс со 117-100. Печат на мечот остави Клеј Томпсон кој во првата четвртина постигна 22 поени од вкупо 34 на мечот. Дурент имаше 17 поени и 9 асистенции  додека на спротивната страна доминираше Дануел Хауз со 22 поени и 8 скока.

 Лесна задача имаше и Торонто кој оствари победа без Дерозан од 112-101 против екипата на Орландо.