Кошарка
5. March 2020 - 12:18

НБА:Дончиќ во аналите на Далас

Кошаркарите на Далас Маверикс, по едно продолжение, забележаа победа над Њу Орлеанс Пеликанс 127:123. По овој меч, Лука Дончиќ влезе во историјата на оваа франшиза.

Дончиќ натпреварот со Пеликанс го заврши со 30 поени, 16 скока и 10 асистенции. Словенецот го забележа 22. трипл-дабл во кариерата и на првото место на клупската листа го мина легендарниот Џејсон Кид.

Покрај Дончиќ, во 38. сезонска победа на Далас се истакнаа Кристапс Прозингинс со 34 поени и 12 скока, односно Сет Кари со 21 поен.

Најдобри играчи на Пеликанс беа Брендон Инграм (27 поени), Лонзо Бол (25 поени, 11 скока) и Зајон Вилијамсон (21 поен, 6 скока).