Кошарка
7. April 2016 - 9:06

НБА: Жестока трка за плеј-офот

Екипите на Далас, Детроит и Индијана изминатата ноќ забележаа значајни победи во борбата за пласман во разигрувањето, во НБА лигата. Далас го совлада Хјустон, Детроит победи во Орландо, а Индијана славеше против лидерот на Истоткот Кливленд.
 
Далас и Хјустон се директни конкуренти за пласман во разигрувањето, а мечот кој го одиграа ноќта помеѓу средата и четвртокот веројатно беше клучен кој тим ќе биде меѓу осумте од Западната конференција кои ќе играат во плеј офот.
 
Дербито на Тексас го реши Џеј Џеј Бареа и одбраната на Далас, која на Хјустон не му дозволи да поентира од игра во последните три минути и 20 секунди. Далас на крајот победи 88:86.
 
Бареа натпреварот го заврши со 27 поени, пет скока и осум асистенции, поен помалку за Хјустон постигна Џејмс Харден но со нешто над 30 проценти реалзиција од поле.
 
Далас сега е седми на Западот (40-38), Јута е на позицијата осум (39-39), а Хјустон е деветти (38-40).
 
Индијана славеше над Кливленд, во чии редови го немаше Леброн Џејмс, 123:109. Пол Џорџ постигна 29 поени (10/17 од поле), а Саломон Мајлс уфрчи 21 кош за Индијана, чии скор сега изнесува 42 победи и 36 порази.
 
Индијана е на седмото место на Истокот, осми е Детроит (42-37), а деветти Чикаго (39-39).
 
Детроит се доближи до пласман во плеј офот со триумфот во Орландо 108:104. Андре Драмонд оствари „дабл дабл“ од 13 поени и 16 скокови, а поентерски најрасположен беше Реџи Џексон со 24 кошеви.
 
Резултати: АЛ Лејкерс-ЛА Клиперс 81:91, Далас-Хјустон 88:86, Портланд-Оклахома 120:115, Њујорк-Шарлот 97:111, Бостон-Њу Орлеанс 104:97, Индијана-Кливленд 123:109, Орландо-Детроит 104:108, Вашингтон-Бруклин 121:103.