Кошарка
21. јуни 2017 - 10:48

НБА: Замена на играчи на релација Бруклин-ЛА Лејкерс

ЛА Лејкерс и Бруклин Нетс минатата ноќ договорија размена на играчите и еден пик на предстојниот НБА драфт. 

Во Бруклин заминуваат Дианџело Расел и Тимофеј Мозгов додека Лејкерси за возврат го добиваат центарот на Брук Лопез и 27-иот пик од овогодишниот драфт. 
Причина е што  Лејкерси ќе го драфтуваат Лонзо Бол и тука нема место за Расел. Исто така тимот од Калифорнија ќе се ослободи од огромниот договор со Тимофеј Мозгов така да сега имаат повеќе простор за „селари капот“.