Кошарка
26. November 2018 - 12:01

НБА: Вучевиќ го засени „кралот“ Џејмс

Лејкерси не можеа да се справат со Никола Вучевиќ, поради што Орландо ја однесе победата од „Стејплс центарот“ 104:108. Црногорецот и во второто сезонско соочување на овие екипи одигра доминанто, постигна 34 поени, 15 скока и седум асистенции. Леброн Џејмс беше најефикасен кај Лејкерси со 24 поени.