Кошарка
24. December 2018 - 13:41

НБА: Вечер на Кари и Дончиќ

Вкупно 11 натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, на шест од нив победи забележаа тимовите што играа пред своите навивачи.

Сакраменто Кингс забележаа победа над Њу Орлеанс Пеликанс 122:117. Триото на Кингс Бади Хилд, Вили Коли-Стајн и Богдан Богдановиќ успеа да го неутрализира учинокот на Џру Холидеј и Ентони Дејвис на спротивната страна.

Хилд постигна 28 поени, Коли-Стајн запиша дабл-дабл од 22 поени и 17 скока, двоен ефект имаше и дебитантот Диерон Фокс 19 поени и 11 скока, а Богдановиќ забележа 24 поени и седум скока.