Кошарка
15. March 2018 - 9:37

НБА: Вашингтон славеше во Бостон по две продолженија

Д

Драма во два продолжетоци се одигра во Бостон каде на крајот дербито на Источната конференција им припадна на кошаркарите на Вашингтон кои славеа со 125-124.

 Џоди Микс, на 2,6 секунди до крајот на мечот, постигна тројка за израмнување и продолжение. (106:106)во кое тимот од престолнината на САД беше блиску до победа, меѓутоа Џејсон Тејтум на 3,1 секунда израмни на 115:115, а потоа не го реалзира слободното фрлање за победа.

Сепак во второтото продолжение Вашингтон се одлепи на  125:119, на 85 секунди до крајот што беше недостижно за домаќините кои испутија предност од 20 поени во втората четвртина.

Бил го предводеше Вашингтон со 34 поени, 7 скока и 9 асистенции, Маркиф Морис постигна 20 поени, а Ото Портер забележа 18 поени и 11 скока.

Бостон на овој натпревар играше без Кајри Ирвинг и Ал Хорфорд. Селтикс го имаше  братот на Маркиф Морис од Вашингтон, Маркус со 31 поен, Тери Розијер забележа 21 поен и 9 асистенции.

Бостон е втора екипа на Истокот со 46 победи и 22 порази, а Вашингтон во моментов е на петтото место со 39 победи и 30 порази.

https://