Кошарка
5. January 2016 - 9:00

НБА: Торонто немоќен во Кливленд

Кошаркарите на Кливленд одиграа супер меч против Торонто совладувајќи го со 122-100 во синоќешните дуели од НБА лигата во кои доминираа фаворитите. 

Ирвинг беше најефикасен со 25 поени во редовите на Кливленд  додека Грин повторно постигна трипл-дабл со 13 поени, 15 скока и 10 асистенции во победата на Голден Стејт против Шарлот од 111-101.
Демаркус Казинс со 33 поени ги предводеше Сакраменто Кингс во победата од 116-104 во Оклахома.