Кошарка
18. April 2016 - 10:00

НБА: Стартни победи за фаворитите

Сан Антонио, ЛА Клиперс и Мајами забележаа лесни победи во првите плеј оф натпревари. Во ноќта помеѓу неделата и понеделникот неизвесност единствено имаше на мечот помеѓу Кливленд и Детроит, кој најдобриот тим во Источната конференција го реши во финишот.
 
Сан Антонио славеше над десеткуваниот Мемфис 106:74. Минатосезнскиот финалист на Западот до првата победа во серијата го предводеа Каваи Ленард со 20, односно Ламаркус Олдриџ со 17 поени. Ветеранот Винс Картер постигна 16 поени за Мемфис.
 
Мајами мечот со Шарлот го реши уште во првата четвртина кога стигна до предност од 19 поени. На крајот Мајами славеше со 123:91. Бројката од 123 поени е клупски рекорд на Мајами кога станува збор за плејоф натпреварите.
 
Луол Денг го предводеше Мајами со 31 поен (11/13 од поле), а Хасан Вајтсајд имаше учинок од 21 поен, 11 скокови и три блокади.
 
ЛА Клиперс од поле имаа реализиција од 54 отсто, во третиот период стигнаа до предност од 17 поени, а на крајот триумфираа 115:95.
 
Четвворица од стартната петорка на Клиперси постигнаа двоцифрен број на поени: Крис Пол (28 поени, 11 асистенции), Блејк Грифин (19 поени, 12 скокови), Деандре Џордан (18 поени, 12 скокови), Џеј Џеј Редик (17 поени).
 
Кливленд во текот на целиот меч имаше проблеми со Детроит, чии играчи имаа одлина реалзиција од поле, а на крајот одбраната му ја донесе победата на домаќинот 106:101.
 
Кајри Ирвинг постигна 31 поен, Кевин Лав 28 поени и 13 скокови, а Леброн Џејмс заврши со 22 поени и 11 асистенции.
 
Калдвел-Поуп со 21 и Реџи Морис со поен помалку беа најефикасни во редвите на Детроит.