-->
-->
НБА: Шампионска лекција за Сан Антонио
-->
Голден Стејт го декласира Сан Антонио (120:90) во дерби мечот во НБА. Индивидуално, изминатата ноќ во лигата мина во знакот на Демеркуз Казинс, кој во поразот на Сакараменто од Шарлот постигна 56 поени.
Голден Стејт немаат конкуренција во лигата, тоа го почувствува и Сан Антонио, кој Оукленд го напушти со пораз од 30 поени. Мечот мина во знакот на Стеф Кари кој си поигра со одбраната на Спарис постигнувајќи 37 поени за 28 минути минати на теренот.
Покрај Кар, кај домаќинот уште петмина играчи имаа двоцифрен кошгетерски ефект: Раш и Ливингстон постигнаа по 13, Спитс 12, а Томпсон и Грин по 11 поени.
Сакраменто загуби од Шарлот, по две продолженија (128:129), иако Демаркус Казинс постигна 56 поени. Победата на Шарлот му ја донесе Дениелс, кој на девет секунди до крајот постигна тројка. Дениелс мечот го заврши со 28 поени и беше еден од четворицата играчи на Шарлот кои постигнаа најмалку 20 кошеви.
Резултати: Голден Стејт 120:90, Денвер-Атланта 105:119, Чикаго-Мајами 84:89, Мемфис-Орландо 108:102, Њу Орлеанс-Хјустон 111:112, Кливленд-Минесота 114:107, Вашингтон-Босотон 91:116, Јута-Детроит 92:95, Сакраменто-Шарлот 128:129.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово