Кошарка
1. March 2018 - 10:51

НБА: Шампионот подобар од Вашингтон

Кошаркарите на Голден Стејт ја продолжуваат мртвата трка со Хјустон за првото место на Западот откако славеа против Вашингтон Визардс со 109-101. Ова беше 48ма победа за шампионот со 14 порази еден повеќе од Хјустон.

Најдобар кај Вориорс беше Кевин Дурент со 32 поени, 6 скокови и 4 асистенции пред Кари со 25 поени.  Во редовите на Вашингтон пред домашната публика се истакна Ото Портер со 29 поени и 10 скокови.