Кошарка
21. December 2016 - 13:07

НБА: Сан Антонио ја прекина серијата победи на Хјустон

Три од единаесетте НБА средби одиграни ноќеска беа решени по продолженија, а во дербито на Тексас, Сан Антонио го совлада Хјустон и со тоа ја прекина нивната серија од 10 победи.
 
Вечерта ја одбележа и Демаркус Казинс од Сакраменто кој на дуелот со Портланд постигна 55 поени.
 
Резултати:
Шарлот – ЛА Лејкерс 117:113,
Филаделфија – Њу Орлеанс 93:108,
Мајами – Орландо 130:136 (по две продолжение),
Њујорк – Индијана 118:111,
Торонто – Бруклин 116:104,
Хјустон – Сан Антонио 100:102,
Мемфис – Бостон 109:112 (по продолжение),
Милвоки – Кливленд 108:114 (по продолжение),
Голден Стејт – Јута 104:74,
ЛА Клиперс – Денвер 119:102 и
Сакраменто – Портланд 126:121.
 
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 25-4, Сан Антонио 23-5, ЛА Клиперс 21-8, Хјустон 21-8, Јута 18-11, Мемфис 18-12, Оклахома Сити 16-12, Портланд 13-17,...
 
Пласман Источна конференција: Кливленд 20-6 (победи – порази), Торонто 20-8, Бостон 16-12, Шарлот 16-13, Њујорк 15-13, Чикаго 14-13, Атланта 14-14, Милвоки 13-13,...