Кошарка
28. December 2017 - 10:20

НБА: Сакраменто го изненади Кливленд

Предводени од извонредниот Богдан Богдановиќ кошаркарите на Сакраменто го совладаа Кливленд со 109-95 во ноќешните средби од НБА лигата.
Српскиот интернационалец заокружи 16 поени во својата најдобра игра откако е во САД плус 8 асистенции и 4 украдени топки.
Одлична вечер кај победникот имаше Винс Картер со 24 поени додека кај „кавалирс“ Леброн Џејмс оствари трипл-дапл со 16 поени, 14 асистенции и 10 скока.

https://