-->
-->
НБА: Рекорди за Леброн и Данкан
-->
Кошаркарот на Кливленд, Леброн Џејмс од ноќеска е најмладиот кошаркар во НБА со постигнати 25.000 поени.
Џејмс до рекордот стигна на возраст од 30 години и 307 дена, поминувајќи го Коби Брајант кој беше досегашен рекордер со 31 година и 351 дена.
Леброн стана шестиот активен играч со 25.000. Покрај него такво достигнување од оние кои се уште настапуваат во НБА лигата имаат: Дирк Новицки од Далас, Тим Данкан од Сан Антонио, Кевин Гарнет од Минесота, Коби Брајант од ЛА Лејкерс и Пол Пирс од Клиперс.
Во победата над Филаделфија Леброн учествуваше со 22 поени, 11 асистенции и 9 скокови и му фалеше само еден скок за трпил-дабл.
Рекорд запиша истотака и Тим Данкан кој во дресот на Сан Антонио ја постигна 954 победа. Тој во дуелот против Њујорк постигна 16 поени и 10 скокови. Данкан ја игра 19.та сезона во Сан Антонио и целата кариера игра во ист тим (954 победи-381 порази). Тој успеа да го собори рекордот на Џон Стоктон од 953 победи и 551 порази).
Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта понеделник кон вторник:
Филаделфија - Кливленд 100:107,
Бруклин - Милвоки 96:103,
Њујорк - Сан Антонио 84:94,
Хјустон - Оклахома 110:105,
Минесота - Портланд 101:106,
Голден Стејт - Мемфис 119:69,
ЛА Клиперс - Феникс 102:96.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри