Кошарка
10. December 2016 - 10:28

НБА: Рекорд на Вестбрук, пораз на Оклахома

Првиот играч на Оклахома Расел Ветбрук успеа да го постигне и 7.  трипл-дабл во серија и да се израмни со легендарниот Џордан. Сепак успехот на Вестбрук мина во знак на Хјустон кој оствари победа против големиот фаворит.

Бекот на Оклахома го забележа седмиот трипл-дабл во низа и стана првиот играч во НБА-лигата, по Мајкл Џордан со најдолга серија. Ѕвездата на Чикаго Булс имаше седум трипл-дабл во низа во 1989 година. На оваа листа првото место му припаѓа на легендарниот, Вилт Чембрлен кој во март 1968 дојде до бројката од девет трипл-дабли во низа. 

Инаку за Вестбрук ова беше 12. трипл-дабл оваа сезона и 49. во неговата кариера.

За жал 27 поени, 10 скока и 10 асистенции не беа доволни за Оклахома да го добие Хјустон на домашен терен, беше совладана со 99:102. Кај Рокетси кои ја забележаа петата победа во низа, Џејмс Харден имаше 21 поен, 12 асистенции и девет скока.