Кошарка
2. January 2017 - 10:12

НБА: Рапторс со пресврт до победа во ЛА

Драматичен меч со пресврти се одигра во Лос Анџелес каде кошаркарите на Торонто однесоа тешка победа во дуелот со домашниот Лејксерс од  (123:114) и ја прекинаа серијата од два порази во низа.
 
За Репторси ова беше шестти триумф по ред против тимот од Калифорнија, со кој се зацврстија на второто место на табелата во Источната конференција.
Лејкерси во втората четвртина имаа 12 поени предност (44:32), но гостите од Канада до одморот направија целосен пресврт (57:58).
 
По изедначената игра во третата четвртина, Торонто блесна и во еден момент имаше водство од 107:88.
Тандемот Лаури - ДеРозан заедно постигна 72 поени, првиот 41, додека вториот 31.
https://