Кошарка
24. јуни 2016 - 10:29

НБА : Првиот пик на драфтот ќе игра за Филаделфија

Студентот на Универзитетот ЛСУ, Бен Симонс е избран како прв пик на годинешниот драфт во НБА лигата. Кошаркарот за кого стручњаците велат дека може да биде новиот Меџик Џонсон или Леброн Џејмс, профи кариерата ќе ја започне во екипата на Филалделфија.
 
Бен Симонс е роден 1996 година во Мелбурн, висок е 208 сантиметри, тежок 109 килограми, а во НБА лигата доаѓа по само една година мината на Универзитетот ЛСУ. Во првата сезона одиграл 33 натпревари со просек од 19,2 поени, 12 скокови и пет асистенции по натпревар.
 
Втор пик е Брендон Инграм, крилото на Дјук ќе оди во ЛА Лејкерси, овој играч го споредуваат со Кевин Дурент, трет е Џилијен Браун кој е избран од страна на Бостон Селтикс.
 
Четврти пик на драфтот е младиот Хрват, Драган Бендер (роден 1997 година, висок 216 сантиметри), тој од Макаби ќе оди во феникс. Најдбрите пет пикови ги комплетира плејмејкерот Крис Дан од Универзитетот Провиденс. Според стручњаците Дан е најдобриот плејмејкер во својата класа, може да стане новиот Џон Вол (Вашингтон Визардс), а неговото доаѓање во Минесота веројатно значи дека од овој тим ќе замине Шпанецот Рики Рубио.