Кошарка
27. October 2017 - 9:46

НБА: Прва победа за Чикаго Булс

Кошаркарите на Чикаго славеа кај Атланта со 91-86 што е нивна прва победа во новата сезона во НБА лигата.

Клучна фигура во победничкиот тим беше Финецот Марканен со 14 поени и 12 скока со голема помош на Робин Лопез кој беше најефикасен со 16 поени. 
Кај Атланта доминираше Италијанецот Белинели со 23 поени.
Резултати: Мемфис - Далас 96:91, Милвоки - Бостон 89:96, Сакраменто - Њу Орлеанс 106:114