Кошарка
9. November 2016 - 9:41

НБА: Прв пораз сезонава за првакот Кливленд

Актуелниот НБА шампион, екипата на Кливленд го доживеа првиот пораз во новата сезона. „Кавалирс“ ноќеска загубија на домашен терен од Атланта со 110:106. Кајри Ирвинг со 29 поени беше најефикасен на дуелот, а кај победникот Денис Шредер постигна 28. На другите пет натпревари постигнати се овие резултати:
 
Бруклин – Минесота 119:110,
Мемфис – Денвер 108:107,
Портланд – Феникс 124:121,
ЛА Лејкерс – Далас 97:109 и 
Сакраменто – Њу Орлеанс 102:94.
 
Пласман Западна конференција: ЛА Клиперс 6-1 (победи-порази), Оклахома 6-1, Голден Стејт 5-2, Сан Антонио 5-2,...
 
Пласман Источна конференција: Кливленд 6-1 (победи-порази), Шарлот 5-1, Атланта 5-2, Торонто 4-2,...