Кошарка
1. November 2019 - 11:02

НБА: Прв пораз на Сан Антонио

Лос Анџелес Клиперс, Њу Орлеанс и Мајами забележаа победи изминатата ноќ во НБА-лигата.
 
Клиперси им го нанесоа првиот пораз на Сан Антонио Спарс 103:97. МВП на финалната серија од минатата сезона, Каваи Ленард, против својот поранешен тим постигна 38 поени и 12 скока, а Монтрезл Херел заврши со 24 коша. Кај Сан Антонио се истакна Демар Дерозан со 29 поени.
 
Њу Орлеанс Пеликанс славеше во дуелот со Денвер Нагетс 122:107. Пеликанс имаше одличен шут за три поени (15/33), што беше клучно за конечниот победник. Џалил Окафор со 26 и Брендон Инграм со 25 поени ги предводеа Пекиланите.
 
Мајами победија во Атланта 106:97 благодарение на Кендрик Нан (28 поени) и Тајлер Хироу (17 поени).