Кошарка
23. October 2017 - 12:04

НБА: Пролонгиран стартот за Теодосиќ

Српскиот плејмејкер, Милош Теодосиќ, поради повредата на стапалото би можел да паузира во наредните два месеци.

Теодосиќ се повреди изминатата ноќ на натпреварот помеѓу ЛА Клиперс и Феникс Санс, а неговиот тим соопшти дека се уште не е познато колку тој ќе отсуствува од терените, ниту пак колку е сериозна повредата.

Некогашниот играч на Олимпијакос и ЦСКА Москва го повредил лигаментот кј ги врзува петицата и прстите во ногата.