Кошарка
4. April 2021 - 9:50

НБА: Продолжува серијата на Далас

Уште една добра партија на Лука Дончиќ кој го однесе Далас до нова победа во НБА лигата. Маверикс стигнаа до лесна 109:87 победа на гостувањето кај Вашингтон визардс за своја четврта победа во низа, со која се искачија на седмото место на Западот, а повторно лидер на тимот беше словенечкиот ас, Лука Дончиќ.
 
Дончиќ имаше 26 поени, 8 скока и 6 асистенции, иако постигна само една тројка од осум победи. За Маверикс, Бренсон додаде 19, Хардавеј 16 поени, а во тимот се врати и Бобан Марјановиќ со 15 поени и 12 скока.
 
Во третиот последователен пораз на Вашингтон, Расел Вестбрук повторно беше најефикасен со 26 поени, 14 скока и 5 асистенции, а во тимот недостасуваа повеќе кошаркари поради повреди.