Кошарка
21. November 2017 - 10:06

НБА: Продолжува серијата на Бостон

Koшаркарите на Бостон ја нанижаа и 16. победа по ред во НБА лигата.Последниот триумф дојде во продолжение против Далас од 110-102 во продолжение откако во регуларниот дел се играше 96-96.
 
Јунак на Селтикс беше Ирвинг  кој одигра одлично прво полувреме, во кое постигна 25 поени, но Маверикс во третата четвртина успеаја да ја намалат негативата од 15 поени (53-49) и да направат целосен пресврт, дури и да поведат за неизвесна завршница.
 
Маркус Смарт со тројка на минута и пол до крајот му донесе водство на Далас од 96-94, но по загубената топка на Новицки, Татум донесе изедначување 96-96. Двата тима имаа шанса мечот да го решат во регуларниот дел, но сепак се играше продолжение, а таму подобар беше Бостон.