-->
-->
НБА: Прекината серијата од 9 победи на Хјустон
-->
Минесота успеа да го победи Хјустон 103:95 во синоќешната пресметка во НБА лигата. Хјустон го запиша првиот пораз по серијата од девет победи. Ендрју Вигинс со 28, односно Карл-Ентони Таунс со 23 поени и 18 скокови ја предводеа Минесота, додека Рики Рубио го израмни личниот и рекордот на франшизата со 17 асистенции.
Хјустон го предводеше Џејмс Харден со 33 поени, 12 асистенции и шест скокови, но и шест загубени топки.
Оклахома забележа победа над Мемефис 103:95, а Расел Вестбрук го запиша 18-от трипл дабл во сезоната. До 55-от трипл дабл во кариерата Вестбрук стигна со 24 поени, 13 скокови и 12 асистенции. Тој веќе го израмни својот рекорд од минатата сезона, кога стана првиот играч уште од Менџик Џонсон и сезоната 1981/1982 со таков трипл дабл учинок.
Оклахома, кога Вестбрук ќе забележи трипл дабл, во последните две сезони има 33 победи и три порази, а оваа сезона тој однос е 15-3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада