Кошарка
18. December 2016 - 9:49

НБА: Портланд немоќен против Г.Стејт

Вистинска катастрофа доживеја кошаркарите на Портланд во дуелот со Голден стејт каде загубија дури со 45 поени разлика. Домаќинот го постигна  деветтиот триумф во последните десет меча против Портланд, и со скор од 24 победи и 4 порази ја задржаа предноста пред Сан Антонио. Вориорс првата четвртина ја добија со 39:21 и до крај само рутински го приведоа мечот.

 
Кевин Дурент имаше 34 поени, 11 скока и 4 асистенции, додека Стеф Кари забележа 19 поени и шест асистенции. Три поени помалку имаше Клеј Томпсон.
https://