Кошарка
26. April 2016 - 9:45

НБА: Портланд и Шарлот ги израмнија победите

 Портланд и Шарлот го израмнија резултатот на 2-2, во своите плејоф серии против ЛА Клиперс, односно Мајами.
 
Шарлот го израмни резултатот во серијата со Мајами, откако во четвртиот меч победи со 89:85. Кемба Вокер го предводеше тимот до победата со 34 поени (11 во последната четвртина). Џо Џонсон постигна 16, а Луол Денг 15 поени за Мајами.
 
Ал-Фарук Амину постигна рекордни 30 поени во плејоф кариерата и му овозможи на Портланд да слави против ЛА Клиперс 98:84. Резултатот во оваа серија е израмнет на 2-2.
 
Џеф Грин и Блејк Грифин со по 17 кошеви беа најефикасни во поразениот тим.
 
Поразот на Клиперси за тренерот Док Риверс е најмал проблем, откако дозна дека неговиот најдобар играч Крис Пол е повреден. Американските медиуми пренесуваат дека Пол скршил коска во дланката. Покрај Пол за наредниот меч во ЛА, неизвесен ќе биде и настапот на Грифин кој ја влошил повредата на квадрицепсот.