Кошарка
30. November 2016 - 9:43

НБА: Порази за Килвленд и Сан Антонио

Во НБА лигата ноќеска се одиграа шест натпревари, а фаворитите Кливленд и Сан Антонио претрпеа порази. Кливленд загуби на гостувањето кај Милвоки, а најдобар поединец на дуелот беше Антетокунбо со 34 поени.

Сан Антонио загуби дома од Орландо и со тоа е прекината неговата серија од девет победи. Белег на натпреварите одиграни ноќеска остави и Антонио Дејвис,кој постигна 41 поен за Њу Орлеанс против ЛА Лејкерс.
Резултати:
Милвоки - Кливленд 118:101,
Сан Антонио - Орландо 83:95, 
Шарлот - Детроит 89:112,
Бруклин - ЛА Клиперс 127:122,
Њу Орлеанс - ЛА Лејкерс 105:88 и 
Јута - Хјустон 120:101.