Кошарка
7. November 2016 - 9:23

НБА: Победа за Лејкерси

ЛА Лејкерс, изминатата ноќ, славеа против Феникс 119:108 и ја забележаа четвртата победа во седмиот натпревар, во новата сезона.
 
Победата на Лејкерси ја засени еден навивач, кој на полувремето постигна кош од половина терен.
 
Неименуван фан на Лејкерси предизвика делириум во „Стејплс центарот“, откако постигна кош од половина терен и освои чек во вредност од 35.000 долари.
 
ЛА Лејкерс до победата го предводеше Ник Јанг со 22 поени и седум скокови, додека Девин Букер на спротивната страна реалзираше 39 поени.